ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА
1. Што е ispraznise.mk?
Доколку денеска, или некогаш, ви се случило нешто интересно, што мислите дека вреди да се сподели, некоја случка што предизвикала да се почуствувате незгодно или пак предизвикала луѓето околу вас да се насмеат, тогаш ова е местото за вас. Намерата на овој сајт е да овозможи содржини од забавен карактер, кои би биле интерсни за читање.
2. Што е тоа „празнење“?
Краток текст во кој е опишана некоја интересна случка, анегдота, зафрканција, фрустрација и слично. За примери видете подолу.
3. Дали мора да се регистрирам?
Се разбира дека не! Секој што сака да се испразни е добредојден да го направи тоа под псевдоним.
4. Што добивам со регистрацијата?
Со регистрирањето на ispraznise.mk не морате на секое празнење да пишувате псевдоним, туку таму ќе стои вашето корисничко име. За секое празнење што ви се допаѓа, и гласате за него (додека сте најавени), автоматски оди во вашите омилени празнења.
5. Дали се ограничени празнењата?
Бројот на празнења не е ограничен, но ограничен е бројот на букви во едно празнење. Најмногу може да изнапишете до 350 букви со сè празни места.
6. Како е решено гласањето?
Гласањето е еднонасочно. За секое омилено празнење можете да дадете само позитивен глас, доколку не ви се допаѓа никому ништо. Ако сте најавени на сајтот, тие одат на листата на омилени празнења во вашиот профил.
7. Зошто празнењата не се објавуваат веднаш?
Затоа што, има корисници кои за цел имаат да направат штета, и пишуваат разни недолични и несодржајни работи. Истотака, доколку празнењата се на латиница се прави проверка. Се спречуваат и спам пораките.
Примери на празнења:
- Денеска, додека бев сам дома, влегов да се туширам, но заборавив да ја заклучам вратата. Додека си се туширав, и си уживав во тоа, почнав и да си играм со онаквото :) . Наеднаш вратата се отвори, и на неа се појави татко ми, а јас во момент на најголемо задоволство се свртев накај него и го испрскав. Не можев да се соземам што ми се случило. Наравоучение: секогаш заклучувајте ја вратата додека се туширате :).
- Еднаш отидов на гости кај дечко ми за да се запознаам со неговите родители. Мајка му веднаш почна да ме гушка, да ме бакнува, велејќи ми: Цело време слушам за тебе, Марија ова, Марија она, што направила Марија... Бај д веј, јас не се викам Марија :(
- И се удварав на една женска, и ми рече дека ќе ми одговори наредната сабота, кога требаше пак да се видиме. Во саботата, додека одевме со другарите по плоштад, се појави и таа со нејзините другарки и уште од далеку викна: Одговорот е НЕ. Јас се закопав во земја.