УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ИСПРАЗНИ СЕ
Внимателно прочитајте ги условите за користење на ispraznise.mk
Нашата веб страница, ispraznise.mk, е прилагодена да овозможи пишување на кратки анегдоти и случки, како и раскажување на незгодни и комични ситуации, што им се случуваат на нашите посетители. Нашата намера е најдобронамерна и сакаме да поттикнеме позитивни вибрации на секој што сака да стане привремен или регистриран член на нашата веб страница.
Привремени членови
Привремените членови се сите што придонесуваат со своето празнење притоа користејќи строго анонимен и нерегистриран кориснички псевдоним што немора секогаш да е ист. Не се регистрираат и не оставаат никакви лични информации.
Регистрирани членови
Регистрираните членови се сите оние што сакаат доброволно да се регистрираат на ispraznise.mk и заради тоа ние сме им многу благодарни. Нашите потенцијални корисници што сакаат да се регистрираат треба да ги направат следните чекори:
- Да внесат корисничко име, лозинка и е-пошта.
- Пристојно да се однесуваат во користењето на нивниот профил и да покажат почит кон другите членови;
- Да објавуваат содржина што нема да ја вознемири малолетната публика;
- Да објавуваат празнења во кирилична содржина користејќи кирилична подршка на тастатурата, зошто во спротивно нивните празнења нема да бидат објавени;
- Да соработуваат со администраторите на интернет страната ispraznise.mk доколку е тоа побарано од нив;
- Согласност за почитување на сите важечки македонски закони за заштитата на податоци со кои се регулира собирањето и употребата на личната информација.
Вие како регистриран член можете да сметате на нашата гаранција дека Вашата електронска пошта (е-пошта) нема да биде злоупотребувана и прикажувана на јавни места, ниту на трети лица согласно важечките закони на Република Македонија за заштита на податоци и со кои се регулира собирањето и употребата на личната информација. Едниствено Вашата е-пошта ќе се користи да Ви испратиме, по Ваше барање, заборавена лозинка или доколку сакаме да Ве информираме во врска со активностите на нашата интернет страна.
Празнење
Сите членови, со испраќање на Вашето празнење се согласувате дека нашиот модератор ќе ја преглада содржината на пораката и во најдобар случај ќе ја објави на насловната страница. Со тоа прифаќате одговорност за самата содржина на пораката и ја преземата авторската обрврска за регулирање на истата. Содржината на празнењата од нашите посетители се лиценцирани под CC - Сподели под исти услови 2.5 Macedonia. Доколку побараат од нас да се избрише избраното празнење ние ќе го направиме тоа во најкраток можен рок, затоа добро размислете и проверете дали треба да објавувате содржина на ispraznise.mk. Секоја комуникација за некаква комерцијална цел, омраза, дискриминација и слично нема да биде објавена на нашата интернет страна или доколку тоа се случи тогаш Вие сте целосно одговорни за сите содржини испратени на ispraznise.mk од вас, приватно или јавно.
Објавувањето на содржини на нашата интернет страна е целосно бесплатно и слободно за секој што сака или има потреба да спдели дел од животот со нас. Истиот објавувач нема право да бара од нас парична награда или надоместок за објавената порака (празнење) затоа што тоа го сторил доброволно.
